Чавушоглу: Дојдовме до значајна фаза во работите за формирање на Уставната комисија за Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека е дојдено до значајна фаза во работите за формирање на Уставната комисија за Сирија

1109748
Чавушоглу: Дојдовме до значајна фаза во работите за формирање на Уставната комисија за Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по состанокот со министрите за надворешни работи на Русија и Иран, другите две земји гарантори за процесот од Астана, што се одржа вчера во швајцарскиот град Женева даде изјава во врска со резултатот од овој значаен состанок посветен на формирањето на Уставната комисија која што ќе го напише новиот устав на Сирија.

Чавушоглу истакна дека е дојдено до значајна фаза во работите за формирање на Уставната комисија за Сирија.

Велејќи „Дојдовме до значајна фаза во работите за формирање на Уставната комисија за Сирија“, министерот Чавушоглу истакна дека не постои несогласување за списокот со имиња предложени од страна на режимот и опозицијата за членови на комисијата.

„Меѓутоа можат да постојат различни погледи за списокот во врска со граѓанските организации. По ова прашање работиме заедно како земји гарантори и како Обединети нации (ОН).“ - рече Чавушоглу.

Тој напомена дека на состанокот освен за членовите било разговарано и за процедуралните правила на Уставната комисија и нагласи дека трите земји гарантори ќе ги интензивираат напорите за што поскоро формирање на комисијата.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Предвидуваме оваа комисија својот прв состанок да го одржи во првиот месец од следната година. Ние како гарантори од Астана ќе ги продолжиме овие напори меѓу нас, со нивно интензивирање. Ние како Турција, како значаен актер ќе ги продолжиме нашите придонеси.“

Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Стефан де Мистура по состанокот истакна дека за формирање на Уставната комисија за Сирија „има да се изоди уште една милја“.

Велејќи дека чувствува задоволство од тоа што страните реализираат интензивни консултации за формирање на комисијата, Мистура рече: „Тројцата министри ми доставија значаен заеднички податок во врска со Уставната комисија.“

Мистура велејќи „верувам дека има да се изоди екстра уште една милја“ подвлече дека се има за цел да се формира доверлива, урамнотежена (избалансирана) и сеопфатена (инклузивна) комисија.

 



Слични вести