Учењето на Мевлана е патоказ за излез на исламскиот свет

Милиони деца во Јемен од страна на муслиманите, робови на амбициите и страстите се изложени на глад и смрт

1108892
Учењето на Мевлана е патоказ за излез на исламскиот свет

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече:„За излез на исламскиот свет од гладта, хаосот и тероризмот кои се шират како чума, посочи на Учењето на Мевлана“.

Во говорот на програмата „Шеби арус“ посветена на 745-та годишнина од смртта на Мевлана која се одржа во Спортскиот и конгресен центар на општина Коња, претседателот Ердоган се осврна на проблемите  тешкотиите со кои се соочува исламскиот свет и во тој контекст рече:

„Милиони деца во Јемен од страна на муслиманите, робови на амбициите и страстите се изложени на глад и смрт. Окупшацијата на Палестина, хаосот во Либија, гладта во Сомалија, тероризмот и нестабилноста во Авганистан постепено се шират како чума“.

Во освртот на ситуацијата во Сирија претседателот Ердоган рече:

„Зулумот во Сирија кој трае скоро 8 години (од 2011 година наваму) секој изминат ден продолжува да одзема животи. Во Сирија, каде што се убиени околу еден милион муслимани, човекот кој е на чело на државата сеуште се бори да го зачува своето место, а некои пружаат поддршка за тој да ја сочува позицијата“.

Претседателот Ердоган укажа на игрите кои што сакаат да се поиграат со исламскиот свет потенцирајќи дека со посредство на разноликостите во нашето верско убедување од аспект на сектите и темпераментноста, се обидуваат да не натераат на меѓусебни убиста и на тој начин да ги продолжат своите валкани игри и ѓаволски поредок.

Додека муслиманите водат борба за превласт, сите оние кои што им се клањаат на интересите, ги полнат џебовите и се залагаат што повеќе да заработат. Сфаќањето дека „човек на човек му е волк“ за жал како денес така и утре му се заканува на човештвото, рече Ердоган.



Слични вести