Турскиот хеликоптер АТАК ќе се извезува во Филипините

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка се отвори патот за соработка во сферата на одбранбената индустрија меѓу двете земји

1109076
Турскиот хеликоптер АТАК ќе се извезува во Филипините

Турскиот хеликоптер АТАК кој беше произведен од домашно произвдоство ќе се извезува во Филипините.

Турција и Филипините го потпишаа Меморандумот за соработка во сферата на одбранбената индустрија.

На свеченоста што се одржа во воздушната база Виламоре, Меморандумот за соработка во имено на Министерството за одбрана на Филипините го потпиша генералниот секретар Делфин Лоренцана, додека во името на Турција претседателот на  Управата за одбранбена индустрија Исмаил Демир.

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка се отвори патот за соработка во сферата на одбранбената индустрија меѓу двете земји.

Филипините, хеликоптерите Атак ги побара за зајакнување на воздушната ескадрила. Со потпишувањето на меморандумот за соработка во сферата на одбранбената индустрија се отвори патот за продажба и извоз на хеликоптерот Атак.

Според претпоставките, во првата етапа Филипините ќе нарачаат 10 хеликоптери од типот Атак, додека со текот на времето се очекува да се зголеми оваа бројка.



Слични вести