Во терористички напад на пазар во Африн, во Сирија животот го загубија 4 цивили, а над 20 се ранети

Во терористички бомбашки напад на пазар во населеното место Африн во северниот дел на Сирија животот го загубија 4 цивили, а над 20 се ранети

1108009
Во терористички напад на пазар во Африн, во Сирија животот го загубија 4 цивили, а над 20 се ранети

Во реализиран во бомбашки напад на пазар во населеното место Африн во Сирија кое од страна на Турските вооружени сили (ТВС) и Слободната сириска армија (ССА беше спасено од сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, животот го загубија 4 цивили,  а над 20 лица се ранети.

На пазарот за зеленчук во центарот на населеното  место Африн каде се наоѓаа голем број цивили  беше експлодирано и возило натоварено со бомби.

Полициските сили презедоа безбедносни мерки околу местото на нападот, додека ранетите беа префрлени во болници.

Под дејство на силната експлозија беше причинета штета и во околните продавници, додека екипите за цивилна одбрана (Белите шлемови) ги започнаа работите за кревање на рушевините и гаснење на пожарот.

Освен тоа беше утврдено и возило бомба на Улицата со вили во Африн и пред да биде експлодирано бомбата беше деактивирана од страна на безбедносните сили.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Во реализираните терористички акции на 12 и 13 декември во подрачјата на Азез и операцијата Еуфратски штит животот го загубија 7 цивили, а 49 цивили беа ранети.

 



Слични вести