Чавушоглу: Трамп му рече на Ердоган дека работат на прашањето на депортирање на челникот на ФЕТО

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу информира дека американскиот претседател Трамп му рекол на претседателот Ердоган дека работат на прашањето на депортирање на челникот на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО)

1107974
Чавушоглу: Трамп му рече на Ердоган дека работат на прашањето на депортирање на челникот на ФЕТО

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу говореше на 18-от Доха Форум во Катар.

Притоа Чавушоглу информира дека американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган дека работат на прашањето на депортирање на челникот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО).

Мевлут Чавушоглу привлече внимание на остварената средба помеѓу Трамп и Ердоган на маргините на самитот на Г-20 што се одржа неодамна во аргентинскиот главен град Буенос Аирес.

Чавушоглу истакна дека Трамп му рекол на претседателот Ердоган дека работат на прашањето за депортирање на челникот на ФЕТО и другите припадници на ФЕТО (која е одговорна за обидот за државен удар од 15 јули 2016 година и се уште се штитат во сојузната држава Пенсилванија во САД).

"Кога разговаравме како последно во Буенос Аирес Трамп му рече на нашиот претседател дека работат на ова прашање. Меѓутоа ние очекуваме да се фрлат дефинитивни чекори по тоа прашање." - рече Чавушоглу.

Тој додаде дека вкупниот број на лица за кои се бара да бидат екстрадирани изнесува 84.

Освен тоа може за надворешни работи Мевлут Чавушоглу напомена дека го гледа и тоа како Федералното истражно биро (ФБИ) на САД во последно време спроведува веродостојна истрага во врска со тоа како ФЕТО затајува данок во оваа земја.

 



Слични вести