МНР: Операциите ќе продолжат се додека продолжат да се вгнездуваат терористите во Ирак

МНР: Операциите ќе продолжат се додека терористичките организации продолжат да се вгнездуваат на териториите на Ирак

1107630
МНР: Операциите ќе продолжат се додека продолжат да се вгнездуваат терористите во Ирак

Турција соопшти дека операциите ќе продолжат се додека терористичките организации продолжат да се вгнездуваат во Ирак.

Портпаролот на министерството за надворешни работи Хами Аксој во врска со операциите кои што ги реализираа Турските вооружени сили (ТВС) на 13 декември против  терористичката организација ПКК во Ирак рече: "Овие операции во рамките на борбата против тероризмот ќе продолжат се додека терористичките организации продолжат да се вгнездуваат на териториите на Ирак."

Аксој во објавеното писмено соопштение привлече внимание дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК териториите на Ирак каде што е вгнездена долги години ги користи како своја база за реализирање напади против Турција.

"Како резултат на овие напади животот го загубија десетици илјади наши граѓани. Активностите на ПКК на териториите на Ирак и Сирија се дојдени во состојба на национално безбедносно прашање за Турција." - напомена Аксој.

Портпаролот на министерството за надворешни работи Хами Аксој воедно подвлече дека на ирачката влада безброј пати досега и беше потсетено за одговорноста што и се паѓа по прашањето на спречувањето на активностите на терористичката организација ПКК.

 



Слични вести