Воздушна операција на планините Синџар и Караџак на северот на Ирак

Турски воени авиони реализираа воздушна операција на северниот дел на Ирак во која беа погодени терористички цели во подрачјата на планините Синџар и Караџак кои се употребуваат како бази од страна на терористите

1106524
Воздушна операција на планините Синџар и Караџак на северот на Ирак

Турските вооружени сили (ТВС) реализираа воздушна операција на областите на планините Синџар и Караџак во северниот дел на Ирак, кои се употребуваат како бази од страна на терористите.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, за неутрализирање на ПКК/КЏК/ПЈД/ЈПГ и другите терористички елементи, елиминирање на терористичките напади од северот на Ирак насочени против народот и безбедносните сили на Турција и за воспоставување на пограничната безбедност, е реализирана воздушна операција согласно правата на легитимна одбрана кои што произлегуваат од меѓународното право во рамките на 51-от член од Повелбата на Обединетите нации (ОН).

Во воздушната операција на северниот дел на Ирак беа погодени терористички цели во подрачјата на планините Синџар и Караџак кои се употребуваат како бази од страна на терористите.

Во рамките на планирањето и реализирацијата на операцијата беа погодени засолништа, скривници, пештери, тунели и складишта на терористите и притоа беше покажана максимална чувствителност во однос на животната и имотната безбедност на цивилното население и заштитата на животната средина.

Во соопштението на Министерството за национална одбрана се вели следното: „Турските вооружени сили како во минатото така и денеска располагаат со елан и одлучност за исполнување со непоколебливо верување на своите задачи за опстанокот и безбедноста на нашата земја и нашиот народ.“

 



Слични вести