Телефонски разговор помеѓу началниците на вооружените сили на Турција и САД, Ѓулер и Данфорд

Командантите на вооружените сили на двете земји Џозеф Данфорд и Јашар Ѓулер разговарале за взаемните безбедносни интереси вклучувајќи го и формирањето на набљудувачките пунктови на САД на североисточната граница на Сирија

1106645
Телефонски разговор помеѓу началниците на вооружените сили на Турција и САД, Ѓулер и Данфорд

Началникот на Здружениот генералштаб на Воружените сили на САД Џозеф Данфорд оствари телефонски разговор со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер.

Портпаролот на Здружениот генералштаб на Воружените сили на САД полковник Патрик Рајдер во објавеното писмено соопштение истакна дека двајцата команданти во телефонскиот разговор дискутирале за взаемните безбедносни интереси вклучувајќи го и формирањето на набљудувачките пунктови на САД на североисточната граница на Сирија, а како што рече како одговор на безбедносните грижи на Турција. 

Рајдер напомена дека во телефонскиот разговор Данфорд му нагласил на својот колега генерал на армија Ѓулер дека формираните набљудувачки пунктови се со цел одвраќање на било каква закана до која што би можело да дојде од териториите на Сирија против Турција.

Велејќи дека двете земји како две клучни сојузници на НАТО располагаат со силни воени односи кои што продолжуваат долги години, портпаролот полковник Рајдер рече: „(Данфорд) Воедно повтори дека САД се придржуваат кон напорите за координација со Турција, а со цел воспоставување на стабилноста во североисточниот дел на Сирија.

Инаку, неодамна американскиот секретар за одбрана (Пентагон) Џејмс Матис соопшти дека САД почнале да формираат набљудувачки пунктови на границата помеѓу Сирија и Турција.

Меѓутоа не беше соопштено од страна на САД колку ќе бидат на број и каде точно ќе бидат формирани наведените набљудувачки пунктови.

 



Слични вести