Мевлут Чавушоглу во Баку се состана со својот руски колега Лавров

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по 39'от состанок на советот на министри за надворешни работи на Организацијата за црноморска економска соработка (ОЦЕС) што се одржа во Баку, се состана со својот руски колега Сергеј Лавров

1107184
Мевлут Чавушоглу во Баку се состана со својот руски колега Лавров

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Азербејџан Баку каде што отпатува за 39'от состанокот на советот на министри за надворешни работи на Организацијата за црноморска економска соработка (ОЦЕС) по состанокот се состана со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

По средбата која беше затворена за медиумите, Чавушоглу даде изјави за новинарите и истакна дека со неговиот руски колега разговарале за проектите кои што продолжуваат помеѓу двете земји, трговските односи, прашањето со визниот режим кој што постепено почна да се укинува, конзуларните работи и други прашања од взаемен интерес.

Велејќи дека на дневен ред на средбата било поставено и прашањето со Сирија, Чавушоглу напомена дека била преразгледана имплементацијата на донесените одлуки од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин кои се состануваат често.

„разговаравме дека веднаш треба да ги започнеме подготовките за наредниот самит. Уште еднаш направивме проценка на проблемот во Керченскиот проток. Во искрена атмосфера и пријателство ги разгледавме другите прашања кои што ги засегаат и нашите билатерални односи и нашиот регион.“

На прашањето на новинарите „Дали има потреба од нов самит во врска со Идлиб?“, Мевлут Чавушоглу одговори со зборовите: „Немаме потреба од одреден самит. Не постои одредена вонредна состојба. Воените функционери, разузнавачките функционери, министерствата за надворешни работи, работат во блиска соработка.“

Во врска со средбата помеѓу Чавушоглу и Лавров во Баку, пристигна соопштение и од руското министерство за надворешни работи.

Во соопштението се истакнува дека на средбата се стоело на прашања посветени на билатералната соработка на основа на актуелни меѓународни прашања и енергијата, а воедно се вели дека исто така биле разменети и мислења во врска со ситуациите на Блискиот исток, во Северна Африка, Кавказ, Украина и регионот на Црното Море.

Било привлечено внимание дека Русија и Турција одигруваат клучна улога во успешното и продуктивното работење во меѓународните организации, вклучувајќи ја и Организацијата за црноморска економска соработка (ОЦЕС).

Во соопштението беше нагласено тоа дека на средбата станало збор и за прашањето со Сирија.

 



Слични вести