Чавушоглу во Баку примен кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Баку беше примен кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев

1107084
Чавушоглу во Баку примен кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Азербејџан каде што отпатува за 39'от состанокот на советот на министри за надворешни работи на Организацијата за црноморска економска соработка (ОЦЕС) беше примен кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

На приемот Илхам Алиев подвлече дека Турција го поддржува праведниот став на Азербејџан во процесот на изнаоѓање решение за проблемот со Нагорно Карабах. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пак му се заблагодари на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев за изразеното сочувство за загинатите во вчерашната железничка несреќа во Анкара.

Тој рече: „Вие, како лидер на братски Азербејџан, и во добро и во лошо, секогаш бевте и продолжувате да стоите покрај нас. И ние како Турција секогаш сме заедно со вас.“

Велејќи дека Азербејџан извршува успешно претседателствување со Организацијата за црноморска економска соработка (ОЦЕС), Чавушоглу нагласи дека Азербејџан на најдобар начин ги исполнува сите свои преземени одговорности и дека успешно ги реализира сите состаноци кои што ги организира како домаќин. 

Чавушоглу ппривлече внимание дека односите помеѓу двете земји се на изворнедно ниво и рече: „Лидерството кое што го презентирате заедно со нашиот господин претседател Ердоган, благодарение на вашето искрено пријателство, братството и директивите кои што ни ги издавате ставивме во примена значајни проекти, но има уште голем број работи кои што треба да се направат.“ 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу додаде дека Турција секогаш ќе продолжи да ја дава најсилната поддршка во однос на проблемот со Нагорно Карабах и територијалниот интегритет на Азербејџан.

 



Слични вести