Претседателот Ердоган ја претстави „Втората 100 дневна извршна програма на својот кабинет“

Претседателот Ердоган ја претстави „Втората 100 дневна извршна програма на својот кабинет“, а воедно поднесе извештај за “Првата 100 дневна извршна програма“ и истакна дека 400 проекти се реализирани 340 проекти

1106387
Претседателот Ердоган ја претстави „Втората 100 дневна извршна програма на својот кабинет“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган учествуваше на состанокот за претставување на „Втората 100 дневна извршна програма на својот кабинет“ во Конгресниот и културен центар Миллет во претседателската палата во Бештепе во Анкара.

Во говорот што го одржа во оваа пригода претседателот Ердоган најпрвин се осврна на железничката несреќа што се случи утрово кога високобрзинскиот воз (ЈХТ) кој патуваше на својата редовна линија Анкара-Конја се судри со бригадна локомотива која се наоѓаше на иста линија.

Ердоган истакна дека во врска со несреќата е започната судска и административна истрага.

„При судир на високобрзинскиот воз (ЈХТ) Анкара-Конја со бригадната локомотива која што вршела контрола на пругата животот го загубија 9 мина наши грѓани од кои 3'јца машинисти, а 47 граѓани се повредени. Републичкото јавно обвинителство досега притвори 3 лица. Оваа несреќа ќе се истражува со сите нејзини димензии, ќе бидат откриени одговорните и ќе се направи се што е потребно.“ - рече Ердоган. 

Претседателот Ердоган истакна дека во “Првата 100 дневна извршна програма“ е достигнато до перформанс на реализација од 97 насто и напомена дека од 400 проекти се реалзиирани 340 проекти.

Ердоган напомена дека освен тоа во новите 100 дена ќе бидат започнати нови иницијативи за нанесување удар врз структуирањето на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) во странство и особено врз нејзината финансиска мрежа.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја сподели и информацијата дека до крајот на 2019 година ќе биде завршена и изградбата на делот од гасоводниот проект Турски тек кој што поминува низ територијата на Турција.

 



Слични вести