Чавушоглу и Кнеисл разговараа телефонски за контроверзниот Закон за забрана на симболи во Австрија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и австриската министерка за надворешни работи Карин Кнеисл разговараа телефонски за контроверзниот Закон за забрана на симболи во Австрија

1105792
Чавушоглу и Кнеисл разговараа телефонски за контроверзниот Закон за забрана на симболи во Австрија

Турција покажува реакција против контроверзниот Закон за забрана на симболи во Австрија.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со својата колега австриската министерка за надворешни работи Карин Кнеисл.

Двајцата министри во телефонскиот разговор го разгледаат контроверзниот Закон за забрана на симболи во Австрија.

Вчера во Националниот Парламент на Австрија беше изгласан законот за измени во Законот за забрана на симболи со датум од 2014 година со кој се забрануваат симболите на екстремните организации во оваа земја.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи беше изнесена реакцијата против законот за кој што станува збор.

Во соопштението во врска со направените измени во Законот за забрана на симболи каде што во склопот на „борбата против тероризмот“ беа внесени симболи кои што се употребуваат од страна на турскиот и исламскиот свет беше истакнато следното: „Не го прифаќаме и остро го осудуваме тоа што во склопот на Законот за забрана на симболи се внесени симболот на 'Бозкурт' (син волк) кој што е симбол на една легитимна политичка партија во нашата земја како и знакот 'Рабиа' (со покажување на четири прсти и поставување на палецот во дланката' чија употреба е распространета и се користи од страна на муслиманите во голем број земји.“

Во соопштението на турското министерство за надворешни работи беше подвлечено дека контроверзниот Закон за кој што станува збор не се истоветува со демократските вредности, ја стеснува законската основа и ги поставува на мета не само оние кои ги користат наведените политички симболи туку целокупните политички институции и демократијата.

„Турција очекува од австриските органи да се поправи оваа 'очајна грешка' “- беше подвлечено во вчерашното соопштение на турското министерство за надворешни работи.

 



Слични вести