Акар: Не станува збор да замижеме пред терористичкиот коридор на јужната граница на Турција

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека нема да се дозволи и да се замиже пред формирањето на терористички коридор на јужната граница на Турција

1105804
Акар: Не станува збор да замижеме пред терористичкиот коридор на јужната граница на Турција

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар синоќа учествуваше на приредениот свечен прием од страна на амбасадорот на Босна и Херцеговина во Анкара Бакир Садовиќ по повод одбележувањето на Денот на вооружените сили на Босна и Херцеговина.

Во оваа пригода министерот Акар даде значајни изјави и истакна дека не станува збор  да се замиже пред формирањето на терористички коридор  на јужната  граница  на Турција.

Хулуси Акар напомена дека неприфатливо е тоа што САД ќе ги обучуваат терористите, членови на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Нагласувајќи дека нема да се дозволи да се формира терористички коридор  на јужната граница на Турција, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: "Не станува збор да дозволиме, да замижеме на каков и да било начин да се формира терористички коридор јужно од Турција, вклучувајќи го и источниот дел на реката Еуфрат."

 



Слични вести