Турција го проколна вооружениот напад во Стразбур во Франција

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се вели следното: „Најсилно го проколнуваме вчерашниот напад во францускиот град Стразбур чија цел беа невини луѓе“

1105647
Турција го проколна вооружениот напад во Стразбур во Франција

Турција го проколна вооружениот напад во градот Стразбур во Франција.

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се вели следното: „Најсилно го проколнуваме вчерашниот напад во францускиот град Стразбур чија цел беа невини луѓе. Го изразуваме нашето сочувство пред се до блиските на загинатите во овој крволочен напад, како и до францускиот народ и француската влада, а на ранетите им посакуваме побрзо оздравување.“

Инаку, вчера од областа во близина на Божиќниот пазар поставен во Place Klebe, едниот од познатите плоштади на градот Стразбур се слушнаа пукотници.

Беше истакнато дека напаѓачот чиј идентитет е познат, по извршениот вооружен напад избегал.

Во објавените вести во францускиот печат беше истакнато дека 29 годишниот напаѓач по име Фиш С. роден во Франција се наоѓал меѓу лицата по кои се трагало и дека пред да избега бил ранет во отворениот оган од страна на војниците.

Освен тоа беше наведено дека полицијата вчера наутро извршила упад и претрес во домот на напаѓачот поради друго извршено кривично дело, но притоа не можел да биде пронајден.

По вооружениот напад, францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер изјави дека акциониот план за борба против тероризмот е покачен на ниво на „предупредување за итен напад“.

 



Слични вести