Критики од министерот Сојлу против политиките на некои земји кои доведуваат до присилна миграција

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во своето обраќање на Меѓувладината конференција на Обединетите нации (ОН) за Глобален договор за миграција ги критикуваше политиките на некои земји кои стануваат причина за присилна миграција

1104841
Критики од министерот Сојлу против политиките на некои земји кои доведуваат до присилна миграција

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во градот Маракеш во Мароко учествуваше на Меѓувладината конференција на Обединетите нации (ОН) за Глобален договор за миграција.

Во своето обраќање на конференцијата Сојлу ги критикуваше политиките на некои земји кои стануваат причина за присилна миграција и притоа нагласи дека некои земји помагајќи им на терористичките организации ја забрзуваат миграцијата. 

Сулејман Сојлу напомена дека доставувањето на оружје на терористичките организации не претставува меѓународна помош и рече: „Давањето вооружена обука на терористите не претставува мобилизација за образование, реализацијата на терористички акции со дронови не претставува технолошка револуција, а да се каже 'ако купувате системи на оружје од мене ќе замижам пред вашето убиство' не претставува дипломатија.“ 

Велејќи „ Оваа година депортиравме 53 илјади 860 лица, за 11 месеци фативме 5 илјади 522'јца криумчари со луѓе. Во споредба со 11-те месеци од минатата година постои раст во сето тоа од 56 насто.“ министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу подвлече дека илегалната имиграција би можела да се спречи со силна мрежа на податоци и соработка, среднорочен и долгорочен стратешки поглед и со вистински и хуманитарни политики.   

На Меѓувладината конференција на Обединетите нации (ОН) за глобален договор за миграцијата во мароканскиот град Маракеш на кој учествуваа над 150 земји члени на Организацијата на Обединетите нации (ООН) беше потпишан Глобалниот договор за миграција кој што беше усвоен едногласно, со акламација.

Договорот освен безбедна и регуларна т.ј. уредна или легална реализација на миграцијата предлага и механизми кои што содржат подобро управување со овој проблем.

Земји како Австрија, Полска, Чешка, Естонија, Бугарија, Хрватска, САД, Унгарија, Австралија и Израел кои се плашат од приливот на мигранти претходно соопштија дека нема да го потпишат овој договор кој што инаку и не е правно обврзувачки. 

 



Слични вести