Чавушоглу: Нашите граѓани заслужуваат да патуваат во европските земји без виза

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Нашите граѓани заслужуваат да патуваат во европските земји без виза. Продолжуваме да работиме за укинување на неправедната примена“

1104737
Чавушоглу: Нашите граѓани заслужуваат да патуваат во европските земји без виза

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анкара учествуваше на Петтиот состанок на Реформската акциона група.

По состанокот, министерот Чавушоглу учествуваше на одржаната заедничка прес-конференција со министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и министерот за правда Абдулхамит Ѓул.

Чавушоглу во оваа пригода се осврна на протестите и насилството на полицијата кои што започнаа во Франција, а потоа се проширија и на други европски земји.

Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција е, и против вандализмот, и против употребата на прекумерна сила во Европа.

„Нашите граѓани заслужуваат да патуваат во европските земји без виза. Продолжуваме да работиме за укинување на неправедната примена.“ - рече Чавушоглу.  

Во врска со убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) кој на 2 октомври беше жртва на ѕверско убиство во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, пак Мевлут Чавушоглу напомена дека Турција е во потрага по правда и рече: „Се појавуваат нови докази и документи, ги споделуваме нив. Од Саудиска Арабија до денеска не можевме да видиме никаква соработка. Меѓутоа расветлувањето на ова убиство е очекување на целокупната јавност. За некои наши барања пристигна негативен одговор.“

Осврнувајќи се и на прашањето за меѓународна истрага за убиството на Кашикчи (Кашоги), Чавушоглу истакна дека на средбите на самитот на Г-20 во Аргентина со голем број негови колеги ја изнесле волјата за доставување на заедничко обраќање. 

Во однос на прашањето на поддршката што САД и ја даваат на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија пак, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Ако САД мислат да ја обучат ЈПГ тоа е крајно погрешно и претставува предавство кон регионот. Ние не можеме да замижиме пред тоа.“

 



Слични вести