Порака од Чавушоглу по повод 10 декември, Светскиот ден на човековите права

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во пораката што ја објави по повод 10 декември, Светскиот ден на човековите права истакна дека Турција со борбата што ја води против прекршувањата на човековите права продолжува да служи за пример во светот

1103931
Порака од Чавушоглу по повод 10 декември, Светскиот ден на човековите права

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу објави порака по повод 10 декември, Светскиот ден на човековите права, т.ј. 70-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации (ОН).

Чавушоглу истакна дека Турција со борбата што ја води против прекршувањата на човековите права продолжува да служи за пример во светот. 

Велејќи дека Турција како основачка земја на Обединетите нации (ОН), со својата хуманитарна и претприемничка надворешна политика води борба против прекршувањата на човековите права до кои доаѓа насекаде во светот, Мевлут Чавушоглу додаде дека Таа со оваа борба продолжува да служи за пример пред меѓународната заедница. 

Чавушоглу напомена дека Турција делува во силна соработка со меѓународните организации во борбата против прекршувањата на човековите права и хуманитарните кризи.

Освен тоа министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу подвлече дека турскиот народ својата приврзаност кон демократијата и човековите права му ја покажа на целиот свет за време на обидот за државен удар на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) на 15 јули 2016 година.

Чавушоглу рече дека Турција ќе продолжи да ги брани и развива човековите права.



Слични вести