Министерот Сулејман Сојлу во Мароко се состана со генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во градот Маракеш во Мароко каде што ќе учествува на Меѓувладината конференција на Обединетите нации (ОН) за глобален договор за миграцијата се состана со генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес

1104015
Министерот Сулејман Сојлу во Мароко се состана со генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу отпатува за градот Маракеш во Мароко каде што ќе учествува на Меѓувладината конференција на Обединетите нации (ОН) за глобален договор за миграцијата.

Министерот Сојлу овде најпрвин се состана со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес.

Сулејман Сојлу учествуваше на коктелот кој што беше приреден во конференцискиот центар Баб Игхли и овде се состана со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на средбата ги достави до Гутерес и поздравите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Потоа Сојлу се состана и со Антонио Виторино, генералниот директор на Меѓународната организација за миграција (IOM) и со Гај Рајдер, генералниот директор на Меѓународната организација за труд (ILO).



Слични вести