Ердоган: Западните земји слепи, глуви и неми пред протестите и насилството на полицијата во Франција

Претседателот Ердоган истакна дека западните земји кои постојано говорат за човековите права, остануваат слепи, глуви и неми пред протестите и насилството на полицијата на протестите во Франција

1104047
Ердоган: Западните земји слепи, глуви и неми пред протестите и насилството на полицијата во Франција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во седиштето на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) чиј воедно е и претседател, говореше на програмата „Цивилизацијата на човештвото“ приредена во рамките на одбележувањето на 10 декември, Светскиот ден на човековите права.

Ердоган истакна дека западните земји кои постојано говорат за човековите права, остануваат слепи, глуви и неми пред протестите и насилството на полицијата на протестите во Франција.

Претседателот Ердоган во својот говор истакна дека оние кои за време на протестите од Паркот Гези во 2013 година изнесуваа изговори како што беа одбрана и заштита на животната средина и тогаш кога се палеше и рушеше по улиците застануваа во одбрана на човековите права, денеска остануваат неми пред протестите и насилството на полицијата во Франција.

Во врска со протестите во Франција, Ердоган го употреби изразот „За време на протестите од Гези го кренавте светот на нозе.“ 

Тој рече: „А зошто? Дали поради тоа што беше во прашање Турција? Ајде сега на ист начин емитувајте.“

Претседателот Ердоган својот говор го продолжи со зборовите „Оние кои тогаш кога милиони бегалци навалија кон Турција не повикуваа да ги отвориме нашите граници, откако истите тие луѓе се усмерија кон нивните територии нив ги пречекаа со бодликави жици и со најостри мерки, на чело со ѕидови. Кој е поборник за човекови права? Ние, или тие?“

Велејќи „Веќе никој не може да се осмели да и држи лекција на нашата земја по демократија, човекови права и слободи“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган продолжи со следните зборови: „Дури и само презентираниот став против обидот за државен удар на 15 јули 2016 година и братството кое што го покажавме кон милиони бегалци кои ги угостивме (згриживме) во нашите градови, се доволни да не оправдаат по прашањето на човековите права и демократијата. Отсега кога ќе стане збор за демократија и човекови права, Турција никако нема да е место каде што ќе се бара проблемот.“



Слични вести