Алтун: Генералниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул е соучесник во убиството на Кашикчи

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во дадената изјава за Новинската агенција Ројтерс истакна дека генералниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул е соучесник во убиството на новинарот Џемал Кашикчи

1104225
Алтун: Генералниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул е соучесник во убиството на Кашикчи

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун даде изјава за британската Новинска агенција „Ројтерс“ во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Алтун укажа на тоа дека генералниот конзул на Саудиска Арабија е соучесник во убиството на Џемал Кашикчи.

Тој рече: „Одговорот на саудискиот министер за надворешни работи Адил Ел Џубејр на нашето барање за предавање на убијците на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) на Турција создаде разочараност кај нас. Покојниот Кашикчи (Кашоги) беше жртва на ѕверско убиство во Истанбул и неговото тело беше исечено на парчиња. Надлежни саудиски разузнавачи меѓу кои беше и експерт за аутопсија дошле во Турција за да го извршат ова убиство. Се подразбира дека и Генералниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул е соучесник во ова злосторство. Во овие услови е крајно природно на убијците да им се суди од страна на турските судови."

Фахреттин Алтун во продолжение рече: "Барањето на Турција за испорака им понуди можност на саудиските органи за да му покажат на светот дека се 'спремни за расветлување на убиството на Кашикчи со сите негови детали'. Од друга страна, отфрлањето на предавањето на убијците на Кашикчи само ќе ги оправда оние кои ја обвинуваат Саудиска Арабија за обид за прикривање на убиството."

Шефот на одделот за комуникации на претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во дадената изјава за британски Ројтерс ја изнесе и следната констатација: "Кога ќе се размисли дека саудиските органи не се однесоа доволно јасно во овој процес и дека не можевме да видиме некој сериозен знак што укажува оти на намерата на саудиските јавни обвинители за расветлување на убиството, ќе биде во интерес на меѓународната заедница правдата за покојниот судиски новинар да се бара на рамките на меѓународното право.

Саудискиот новинар Џемал Кашички (Џамал Кашоги) беше жртва на ѕверско убиство во Генералниот конзулат на својата земја во Истанбул каде што отиде на 2 октомври за да земе документ за венчавка.

 



Слични вести