Јилдирим: Ние како Иран, Русија и Турција сме одлучни да ја продолжиме регионалната соработка

Претседателот на Собранието Бинали Јилдирим на Вториот состанок на претседателите на парламенти на тема борба против тероризмот и екстремизмот што се одржа во Техеран истакна дека Иран, Русија и Турција се одлучни да да ја продолжат регионалната соработка

1103348
Јилдирим: Ние како Иран, Русија и Турција сме одлучни да ја продолжиме регионалната соработка

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим во главниот град на Иран, Техеран, учествуваше на Вториот состанок на претседателите на парламенти на тема борба против тероризмот и екстремизмот.

Јилдирим во говорот што го одржа во делот на затворањето на состанокот рече: „Му придаваме значење на решавањето на проблемите во регионот и на ставањето веќе крај на овие болки. Затоа ние како Иран, Русија и Турција сме одлучни да ја породолжиме регионалната соработка .“

На состанокот што се одржа со учество на иранскиот претседател Хасан Рухани, претседателот на иранскиот Парламент Али Лариџани, потпретседателот на кинескиот Парламент Чен Зу, претседателот на руската Државна Дума Вјачеслав Володин, претседателот на Националното Собрание на Пакистан Есед Кајсер и претседателот на Национото Собрание на Авганистан Абдул Рауф Ибрахими беше направена проценка на соработката во борбата против терористичките организации.

Претседателот на Собранието Бинали Јилдирим нагласи дека за да се постигне успех во регионалната соработка во борбата против тероризмот најпрвин треба да се воспостави единство во изразите (концептите) и изговорите.

„Доколку една терористичка организација во една земја не се смета за терористичка во друга земја таму ќе биде тешко да се постигне одреден поголем напредок. Оние кои плаќаат сметка во борбата против тероризмот се регионалните земји, земјите во кои постои тероризам. Меѓутоа, онака како што можеме да видиме и покрај тоа што сметката на тоа се плаќа од страна на регионалните земји, за жал гледаме дека некои планови и цели кои ги создаваат причините и изворите на тероризмот не плаќаат никаква сметка за тоа.“ - рече Јилдирим.

Осврнувајќи се и на граѓанската војна во Сирија и терористичките настани Бинали Јилдирим потсети дека Турција згрижува (е домаќин на) приближно 4 милиони Сиријци и рече: „Тоа секако го правиме од се срце, меѓутоа оваа сметка на некој начин треба да се сподели од страна на меѓународната заедница.“

Јилдиирм ја сподели и информацијата дека следниот состанок ќе се одржи во Истанбул, во Турција и појасни дека се надева оти некои поспецифични прашања кои што не можеа да се разгледат во Техеран ќе бидат разгледани во Истанбул и ќе бидат постигнати конкретни резултати, а воедно напомена дека подготовките за тоа ќе бидат направени во тејот на една година на техничко ниво.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим по учеството на состанокот во иранскиот главен град Техеран се врати во Турција.

 



Слични вести