Претседателот Ердоган ги заврши посетите на 3 латиноамерикански држави и се врати во земјата

Претседателот Ердоган најпрвин ја посети Аргентина каде што учествуваше на лидерскиот самит на Г-20, а потоа ги посети Парагвај и Венецуела од каде што се врати во Анкара и на аеродромот Есенбога одржа состанок за претставниците на печатот

1100338
Претседателот Ердоган ги заврши посетите на 3 латиноамерикански држави и се врати во земјата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги заокружу своите посети на 3 латиноамерикански држави, Аргентина, Парагвај и Венецуела по што се врати во земјата.

Претседателот Ердоган најпрвин ја посети Аргентина каде што учествуваше на лидерскиот самит на Г-20, а потоа ги посети Парагвај и Венецуела од каде што се врати во Анкара. 

На враќање во земјата, претседателот Ердоган на аеродромот Есенбога во Анкара одржа состанок за претставниците на печатот.

Ердоган истакна дека Турција ќе продолжи да развива билатерални и мултилатерални односи со земјите од Латинска Америка и Карибите.

Осврнувајќи се на остварените билатерални средби на маргините на лидерскиот самит на Г-20 во Аргентина, Ердоган истакна дека прашањето со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) на 2 октомври во генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, беше поставено безброј пати на дневен ред на сите реализирани средби.

Ердоган рече дека на самитот воедно беше повторено значењето кое што Турција го придава на борбата против тероризмот.

Нагласувајќи дека за време на остварената посета на Парагвај согледа какон значаен пријател е оваа земја, Ердоган најави дека Парагвај ќе отвори своја амбасада во Турција.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган велејќи „Во вториот дел од посетите престојував во Венецуела“, го рече следното: „Со (претседателот Николас) Мадуро детално ги разгледавме билатералните односи. Бевме сведоци на потпишувањето на 9 документи, со цел да се развие соработката со Венецуела. Значајно е тоа што венецуелските војници и деца ја испеаја нашата национална химна. Претставува незаборавна љубезност и тоа што откако на едниот од децата му падна од рака знамето господинот Мадуро го зеде знамето од земјата и му го подаде на детето. Верувам дека во наредните денови појасно ќе ги соглдаме позитивните влијанија на разговорите кои што ги остваривме.“

 



Слични вести