Исполнето ветувањето на претседателот Ердоган за отворање на нов универзитет во Судан

Во Судан е отворена Вишата школа за здравствени услуги Нјала (SHMYO) со што е исполнето и ветувањето на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за отворање на нов универзитет во оваа земја

1100194
Исполнето ветувањето на претседателот Ердоган за отворање на нов универзитет во Судан

Во Судан од страна на Универзитетот за здравствени науки е отворена Вишата школа за здравствени услуги Нјала на Судан (SHMYO), со што е исполнето ветувањето на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за отворање на нов универзитет во оваа земја.

Во објавеното соопштение од Универзитетот за здравствени науки се потсетува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа минатата година на Универзитетот Картум во Судан (за време на неговата посета на 24 и 25в декември 2017 година) вети дека од страна на Универзитетот за здравствени науки ќе биде отворен нов универзитет во Судан. 

Според соопштението, Вишата школа за здравствени услуги Нјала на Судан (SHMYO) со церемонија свечено е отворена за настава од страна на суданскиот претседател Омер Ел-Бешир.

Претседателот Бешир во говорот што го одржа на свеченото отворање истакна дека оваа школа ќе одигра значајна улога во обезбедувањето на потребите од образование во сферата на здравството во Судан и ја изрази својата благодарност до претседателот Ердоган, турскиот народ и турската влада, за поддршката што ја даваат на суданскиот народ.

Директорот на Центарот за истражување и применување на здравствени трудови во Африка при Универзитетот за здравствени науки професор доктор Хасан Хусејин Екер истакна дека целта на вишата школа е да придонесе за оформување на поквалификуван здравствен персонал.

Директорот на Вишата школа за здравствени услуги Нјала на Судан (SHMYO) Месут Икиз пак рече дека вишата школа почна со настава во академската 2018/2019 година.

 



Слични вести