Бинали Јилдирим во Пекинг се состана со кинескиот премиер Ли Кечијанг

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим во рамките на своите средби и разговори во Пекинг имаше средба со кинескиот премиер Ли Кечијанг

1100310
Бинали Јилдирим во Пекинг се состана со кинескиот премиер Ли Кечијанг
Meclis Başkanı Binali Yıldırım-Çin Başbakanı Pekin.jpg
Meclis Başkanı Binali Yıldırım-Çin Başbakanı.jpg

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим кој престојува во официјална посета на Кина во главниот град Пекинг во Државниот дом Џонгнанхај се состана со кинескиот премиер Ли Кечијанг.

Во оваа пригода Јилдирим истакна дека Кина на источниот крај и Турција на западниот крај на Азија се две стратешки земји на континентот.

„Говориме за две значајни земји кои се наоѓаат на маршрутата на историскиот Пат на свилата, што се протега од источниот дел на Азија до центарот на Европа. И Ние Кина ја сметаме за статешка пријателска земја за нас.“ - рече Бинали Јилдирим.

Кинескиот премиер Ли Кечијанг исто така нагласи дека Кина и Турција се две земји со пазарен начин на стопанисување во подем и дека се мошне значајни партнери за соработка.

Кечијанг рече: „Кинеската страна е спремна да ја продолабочи уште повеќе својата соработка со турската страна на начин кој што ќе се потпира на взаемно почитување и корист. Подготвени сме со турската страна и да воспоставиме интеракција и контакт (комуникација) во секоја сфера и на секои ниво.“ 

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим во рамките на својата официјална посета на Пекинг вчера имаше средба со претседателот на Постојаниот Комитет на Националниот Народен Конгрес на Кина Ли Занчу. 

Јилдирим утре ќе има средба со претседателот на Постојаниот Комитет на Народниот Конгрес на провинцијата Шанси Ху Хипинг.

 



Слични вести