Тежок удар врз терористичката ЈПГ/ПКК во ноември: Неутрализирани се 170 терористи

Во реализираните воздушни и копнени операции во месец ноември се неутрализирани 170 терористи меѓу кои се наоѓаат и таканаречени одговорни раководители од водечкиот кадар на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК

1099504
Тежок удар врз терористичката ЈПГ/ПКК во ноември: Неутрализирани се 170 терористи

Во реализираните операции внатре во месец ноември внатре во земјата и надвор преку границата против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК која за нарушување на мирот, спокојството и безбедноста во Турција не се воздржува од напаѓање дури и на цивилите, децата и бебињата, се неутрализирани 170 терористи меѓу кои се наоѓаат и таканаречени одговорни раководители од водечкиот кадар на организацијата.

Турските вооружени сили (ТВС), Генералната дирекција на полицијата, Командата на жандармеријата и Националната разузнавачка служба (МИТ) со поддршка и на безбедносните чувари продолжуваат да водат непоколеблива и одлучна борба против терористичките организации кои се обидуваат да ги нарушат спокојството и братството. 

Во реализираните воздушни и копнени операции внатре во земјата и надвор преку границата во текот на месец ноември (2018 година) се неутрализирани 170 терористи меѓу кои се наоѓаат и таканаречени одговорни раководители од водечкиот кадар на сепаратистичко-терористичката организација. 

Меѓу неутрализираните терористи има и терористи од катакаречениот водечки кадар кои се наоѓаат во „Списокот на барани терористи“ на Министерството за внатрешни работи означени со сива и портокалова боја.

Турските безбедносни сили непрестано ги продолжуваат своите активности за елеминирање на терористичките елементи како внатре во земјата, така и надвор преку границата.

 



Слични вести