Претседателот Ердоган по Парагвај престојува во посета на Венецуела

Претседателот Ердоган во придружба на својата сопруга Емине Ердоган и неколку министри по остварената посета на Парагвај престојува во посета на Венецуела

1099256
Претседателот Ердоган по Парагвај престојува во посета на Венецуела

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по остварената посета на Парагвај отпатува во посета на Венецуела.

Ердоган на аеродромот Симон Боливар во главниот град Каракас беше пречекан од страна на Делси Родригез главната потпретседателка на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареаза, министерот за одбрана Владимир Падрино, амбасадорот на Турција во Каракас Шевки Мутевеллиоглу и амбасадорот на Венецуела во Анкара Хозе Бранко Рејес. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на посетата на Венецуела е придружуван од неговата сопруга Емине Ердоган, министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерот за национална одбрана Хулуси Акар и министерката за трговија Рухсар Пекџан.



Слични вести