Кај Едирне се фатени 126 илегални имигранти кои се обидувале да заминат во странство

За време на патролирањата во Боснаќој и населените места Мерич и Енез се фатени 126 илегални имигранти кои се обидувале по незаконски патишта да заминат во странство

1099749
Кај Едирне се фатени 126 илегални имигранти кои се обидувале да заминат во странство

Кај градот Едирне се фатени 126 илегални имигранти кои се обидувале по незаконски патишта да заминат во странство.

Градската команда на жандармеријата и екипите на пограничните единици за време на патролирањата во Боснаќој и населените места Мерич и Енез евидентираа неколку групи луѓе кои се подготвувале да ја преминат границата по незаконски патишта. 

Во реализираните операции беа фатени 126 илегални имигранти со палестинско, ирачко, авганистанско и пакистанско државјанство.

Фатените илегални имигранти со странско државјанство по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на Управата за миграција во Едирне.



Слични вести