Ердоган: Ние очекуваме од нашите сојузници искреност, а не двоен стандард

Претседателот Ердоган на одржаната прес-конференција во аргентинскиот главен град Буенос Аирес се осврна на низа прашања од Сирија до ФЕТО и од убиството на новинарот Кашикчи до случувањата во Источниот Медитеран

1098768
Ердоган: Ние очекуваме од нашите сојузници искреност, а не двоен стандард
erdogan g-20 basin.jpg
erdogan g-20 basin1.jpg
erdogan G20.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој по повод лидерскиот самит на Г-20 престојува во главниот град на Аргентина Буенос Аирес овде одржа состанок за претставниците на печатот.

Ердоган уште еднаш го даде сигналот за воена операција на источниот дел на реката Еуфрат.

Тој рече: "Како западниот дел на Еуфрат, така и источниот дел во мошне скоро време ќе го спасиме од зулумот и окупацијата на сепаратистичко-терористичката организација. Ние во однос на овие прашања очекуваме од нашите сојузници искреност, а не двоен стандард."

Нагласувајќи дека нема да се остане индиферентен пред терористичката закана, Ердоган подвлече дека нема да се дозволи да биде формирана никакво структуирање во северниот дел на Сирија кое претставува закана за безбедноста на Турција и регионот.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган направи проценка и на остварената средба со американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на самитот на Г-20, и притоа појасни дека разговарале за прашањата со подрачјето на Менбич во Сирија и Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

"Особено го споделивме нашиот приод кон терористичките организации ПЈД/ЈПГ  и разговаравме за тоа како би можеле да делуваме заедно во исчистувањето на Менбич од овие терористички организации. Се надевам дека компромисот по ова прашање моментално ја зачувува својата актуелност." - рече Ердоган.

Во однос на прашањето со испораката на челникот на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) Ѓулен пак, претседателот Ердоган го употреби изразот "кај мене постои надеж".

По прашањето со подрачјето на градот Идлиб во Сирија пак, Ердоган истакна дека Турција има намера за продолжување на процесот со одлучност.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше и во врска со убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) кое беше едно од главните прашања на остварените билатерални средби на маргините на самитот.

Велејќи дека постои документација за тоа дека Кашикчи е задавен за седум и пол минути и дека сите податоци и документи во врска со убиството се споделени со земјите, Ердоган рече: "Убиството на Кашикчи е подло убиство. Ова прашање е прашање на целиот свет."

Ердоган истакна дека поради тоа што злосторството е извршено во Истанбул е побарано сторителите (виновниците) да и бидат предадени на Турција.

Тој рече: "Без да бидат откриени сите одговорни, од нарачателот до извршителите на ова ѕверско убиство, не е можно да бидат задоволни ниту исламскиот свет, ниту светската јавност. Ние немаме намера да ги ослабиме или да им наштетиме ниту на државата Саудиска Арабија, ниту на кралското семејство. Веруваме дека расветлувањето на убиството со сите негови страни (поединости) и изнесувањето пред суд на сите одговорни ќе биде во полза и на Саудиска Арабија."

Во врска со случувањата во Источниот Медитеран пак, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена дека доколку продолжат вознемирувањата на Кипарско-грчкиот дел Турција ќе продолжи да ги презема неопходните мерки.

"Никако нема да дозволиме со состојби на свршен чин да бидат насилно одземени правата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), вистинскиот сопственик на јаглеводородните извори во Источниот Медитеран", рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести