Претседателот Ердоган замина за Аргентина за лидерскиот самит на Г-20 во Буенос Аирес

Претседателот Ердоган пред да отпатува за Аргентина за лидерскиот самит на Г-20 во главниот град Буенос Аирес, одржа состанок за претставниците на печатот

1097027
Претседателот Ердоган замина за Аргентина за лидерскиот самит на Г-20 во Буенос Аирес

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа замина за Аргентина каде што ќе учествува на лдиерскиот самит на земјите од Групата Г-20 што ќе се одржи во главниот град на оваа латиноамериканска држава, Буенос Аирес.

Во дадената изјава за претставниците на печатот пред да отпатува, претседателот Ердоган истакна дека основни сфери на приоритет за време на привременото претседателствување на Аргентина со Г-20 се иднината на деловниот живот, инфраструктурата за развој и иднината на одржливата храна.

Ердоган напомена дека во текот на годината беа одржани 12 состаноци на Г-20 на ниво на министри и голем број студии на техничко ниво, а воедно појасни дека Турција учествуваше активно во овие активности на кои ги сподели своите ставови со нејзините партнери во Г-20.

Велејќи дека во одржаниот телефонски разговор со својот колега рускиот претседател Владимир Путин меѓу другото се осврнале и на прашањето во врска со подрачјето на градот Идлиб во Сирија, претседателот Ердоган рече: „Друго прашање е и прашањето со Менбич. Во однос на ова прашање се надевам дека ќе оствариме средба со господинот (американскиот претседател Доналд) Трамп во Аргентина.“

Ердоган потсети дека со Путин разговарале и за затегнатоста помеѓу Русија и Украина во Црното Море, во врска со што рече: „Секако, главната оска на нашиот разговор денеска со господинот Путин беше процесот кој што продолжува меѓу нив и Украина и ова прашање го разгледавме и со двете страни во однос на тоа што би можело да се направи по ова прашање, дали би можеле да преземеме соодветна улога на посредник во тоа. Како резултат на остварените разговори како со господинот Путин, така и со господинот (украинскиот претседател Петро) Порошенко, и двете страни имаа некои барања од нас и овие барања ние ќе ги доставиме на средбата што ќе ја оствариме со господинот Путин во Аргентина. Повторно на ист начин, за овие прашања ќе разгоараме и на средбата што ќе ја оствариме со (американскиот претседател) Трамп.“ 

На едно поставено новинарско прашање во однос на тоа дека „Рускиот претседател Владимир Путин во една своја изјава во врска со продажбата на С-400 околу тоа оти не се продадени со долари и дали тоа е остварено со рубљи или турски лири и како беше донесена заедничка одлука за тоа?“, претседателот Ердоган одговори со зборовите: „Кога ја започнавме оваа работа, ние на принципиелна база постојано имавме една теза. Овие испораки ќе се реализираат кон крајот на 2019 година и заклучно со тој ден, со заедничките активности на нашите министерства за трезор и финансии и нашите Централни банки, на тој начин ќе биде ставена во примена нашата теза за купопродажба со домашни и национални валути, за што говориме уште од почетокот.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека по лидерскиот самит на Г-20 во Аргентина на 2 и 3 декември ќе престојува во официјални посети на Парагвај и Венецуела.

 



Слични вести