Ердоган оствари телефонски разговори со Путин и Порошенко

Ердоган на разговорите ги сослуша двете страни и ја изнесе загриженоста во врска со напнатоста, посочувајќи дека проблемите треба да се решат по дипломатски пат

1096605
Ердоган оствари телефонски разговори со Путин и Порошенко

Претседателот  Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Петро Порошенко.

Според извори од кабинетот на претседателот, претседателот Ердоган на двата разговори разменил мислења во врска со последните случувања и напнатоста меѓу Русија и Украина во Црното море.

Претседателот Ердоган на разговорите ги сослуша двете страни и ја изнесе загриженоста во врска со напнатоста, посочувајќи дека проблемите треба да се решат по дипломатски пат.

На 25 ноември пристигна информацијата дека руските бродови се соочиле со украинските бродови во Азовското море. Руските воени бродови под изговор дека украинските воени бродови влегле во руските територијални води.



Слични вести