„Нема да се замижи пред било каква состојба на свршен чин во Сирија“

Од состанокот на Советот за национална безбедност кој се состана под претседателство на претседателот Ердоган произлезе јасна порака дека нема да се замижи пред било каква состојба на свршен чин во Сирија

1096147
„Нема да се замижи пред било каква состојба на свршен чин во Сирија“

Советот за национална безбедност се состана под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Од состанокот произлезе пораката дека нема да се замижи пред било каква состојба на свршен чин во Сирија.

Во објавеното писмено соопштение по состанокот се истакнува дека тоа што некои земји проектите терористички организации ФЕТО/ПДЈ (Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура) и ПЈД-ЈПГ сирискиот огранок на ПКК/КЏК не ги прифаќаат за терористички организации и наштетува на борбата против тероризмот.

Во соопштението се нагласува дека непрестано и со одлучност ќе продолжи борбата за воспоставување на животната и имотната безбедност на граѓаните против заканата кон јужните граници на Турција која што произлегува од присуството на терористичките организации вгнездени во Сирија и Ирак.

Се наведува дека најголемата закана за политичкото решение во Сирија произлегува од терористичкото структуирање во источниот дел на реката Еуфрат.

Во соопштението се вели следното: 

"(На состанокот) Се стоеше на значењето од што поскоро формирање на Уставниот комитет кој што ќе работи под надзор на Обединетите нации (ОН) со цел изнаоѓање трајно решение во Сирија и на значењето од ставање во примена на утврдената патна карта за решение и беше упатено повик до страните во правец на погодно и брзо делување во таа насока. Беше нагласено дека нема да се замижи пред било каква состојба на сврпен чин во Сирија и дека ќе се искористи правото на самоодбрана."

Во соопштението на Советот за национална безбедност се потцртува дека ќе продолжат операциите кои што се реализираат од страна на Турските вооружени сили (ТВС) против орисуспрису на терористичката организација ПКК/КЏК во Ирак која претставува закана за националната безбедност на Турција, а воедно уште еднаш се нагласува дека Турција стои покрај ирачкиот народ и владата против сите терористички организации вклучувајќи ги и ПКК/КЏК и ДЕАШ.

Во објавеното соопштение на крајот на состанокот на Советот за национална безбедност исто така се истакнува дека е потврдено оти нема да се дозволи да дојде до никаков развој спротивно на правата и интересите на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

 



Слични вести