Ердоган: Турција и Катар низа пати досега покажаа дека се пријатели во тешки времиња

Претседателот Ердоган истакна дека Турција и Катар низа пати досега покажаа дека се пријатели во тешки времиња (црни денови)

1095761
Ердоган: Турција и Катар низа пати досега покажаа дека се пријатели во тешки времиња
erdoğan.jpg
Erdoğan.jpg

Вчера вечер во дворецот Вахдеттин во Истанбул со учество на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и катарскиот емир Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани се одржа четвртиот состанок на Високиот стратешки комитет помеѓу Турција и Катар.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека Турција и Катар низа пати досега покажаа дека се пријатели во тешки времиња (црни денови).

Ердоган рече: „Наши катарски браќа пред се ви посакувам добредојде во вашиот втор дом. Чувствуваме гордост од нивото до кое е достигната нашата соработка во еден ваков период кога ја одбележуваме 45-годишнината од нашите дипломатски односи.“ 

Велејќи постои една изрека која гласи „Вистинскиот пријател се познава во тешки времиња“, Ердоган истакна дека двете земји досега во тешки времиња делуваа во меѓусебна солидарност и соработка.

Нагласувајќи дека Турција и Катар низа пати покажаа дека се пријатели во тешки времиња (црни денови), претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови: „Турскиот народ вложи интензивни напори за да западнат во вода блокадата и санкциите на чија мета се наоѓаа нивните катарски браќа. Катар исто така зазеде место меѓу земјите кои и дадоа најсилна поддршка на нашата земја на меѓународен план по обидот за предавничкиот државен удар на 15 јули (2016 година). Воедно стоеше покрај нас и против шпекулативните иницијативи кои во последните месеци целеа кон нашата економија. По овој повод уште еднаш ја доставувам особено мојата благодарност до нашиот верен пријател Катар во мое лично име и во името на мојот народ за силната поддршка и солидарноста што ја презентира.“

Осврнувајќи се на остварената средба со катарскиот емир Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, Ердоган истакна дека на средбата било изнесено задоволството од нивото до кое се дојдени билатералните односи и дека ги споделиле желбите по прашањето на продлабочување на соработката во секоја сфера.

По состанокот од страна на надлежните министри на Катар и Турција беа потпишани низа протоколи за стратешка соработка помеѓу двете земји во голем број сфери како што се транспортот, културата, трговијата и економијата. 

На состанокот учествуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за транспорт и инфраструктура Мехмет Џахит Турхан, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерот за трговија Рухсар Пекџан, портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин и катарски министри и други високи функционери.

 



Слични вести