Ердоган: Сакаме да ги видиме Русија и Украина една покрај друга, а не една наспроти друга

Претседателот Ердоган освнувајќи се на затегнатоста помеѓу Русија и Украина истакна дека жали поради ваквата состојба и дека ќе биде задоволен овие две земји да ги види една покрај друга, а не една наспроти друга

1095923
Ердоган: Сакаме да ги видиме Русија и Украина една покрај друга, а не една наспроти друга

Претседателот на државата и воедно претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на состанокот на Пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) направи проценки на актуелниот дневен ред.

Ердоган освнувајќи се на затегнатоста помеѓу Русија и Украина истакна дека жали поради ваквата состојба и дека ќе биде задоволен овие две земји да ги види една покрај друга, а не една наспроти друга.

Тој рече: „Се надеваме дека ќе го пренесеме во иднина воспоставениот однос и со двете земји. Посакуваме Црното Море што поскоро да биде доведен во море на мирот. Го повторуваме нашиот повик до Русија и Украина за решавање на меѓусебните проблеми по пат на дијалог.“  

Нагласувајќи дека би чувствувале задоволство како Турција да ги видат една покрај друга Русија и Украина, Ердоган рече: „Сметаме дека е од полза луѓето на овие две земји повторно да се вратат кон нивното историско минато.“

Беше истакнато дека на 25 ноември руските воени бродови и украинските воени бродови дојдоа едни наспроти други во Азовското Море и дека притоа руските воени бродови со тврдење дека влегле руските територијални води интервенираа на украинските воени бродови.

Командата на поморските сили на Украина соопшти дека од бродот на крајбрежната стража на Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) кај Керченскиот проток во Азовското Море бил отворен оган врз украинските воени бродови и дека притоа биле ранети 6 украински војници членови на екипажот, а воедно украинските воени бродови биле запленети од страна на руските специјални сили.
 



Слични вести