Интервју на Чавушоглу за кипарско-грчкиот весник „Политис“

Мевлут Чавушоглу рече: „Треба да се договориме за тоа за што преговараме. За федерација, за конфедерација, за две држави, за четврта или за петта опција? Најпрвин да разговараме меѓусебно и да постигнеме неформална согласност во рамката на преговорите“

1094969
Интервју на Чавушоглу за кипарско-грчкиот весник „Политис“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за весникот „Политис“ кој се објавува во Кипарско-грчкиот дел истакна дека Турција не отфрлува ниту една формула за решение на островот и дека воедно не инсистира на ниту една формула за решение.

Упатувајќи повик во Кипарско-грчката управа. Чавушоглу рече: „Најпрвин вие одлучете се кое решение го сакате, ние ќе дојдеме на преговарачката маса и ќе ги доставиме нашите предлози“.

Чавушоглу рече: „Треба да се договориме за тоа за што преговараме. За федерација, за конфедерација, за две држави, за четврта или за петта опција? Најпрвин да разговараме меѓусебно и да постигнеме неформална согласност во рамката на преговорите.“

Осврнувајќи се на предусловот „нула војници, нула гаранторство“ на кој што инсистира кипарско-грчката страна, министеот за за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Не е правилно однапред да разговараме за прашањето со безбедноста. Постојат други прашања, проблемот не е само воен.“

Чавушоглу напомена дека дојде времето да се прифати заедничко решение на Кипар, а на решение кое ќе биде прифатено само од турската страна и потсетувајќи дека напорите за федерација беа неуспешни во сите одржани преговори рече дека веќе треба да се испитаат други опции. 

Осврнувајќи се на тезата поставена на дневен ред од страна на кипарско-грчкиот лидер Никос Анастасиадис за формирање на „лабава федерација“ која личи на „решението со две држави кад ешто основачките држави ќе бидат силни“, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу додаде дека турската страна не го отфрла тоа и не го оценува за неверојатно.

 



Слични вести