Чавушоглу упати повик за воздржаност до Украина и до Русија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со случувањата помеѓу Русија и Украина упати повик за воздржаност до двете земји

1095368
Чавушоглу упати повик за воздржаност до Украина и до Русија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по одржаната заедничка прес-конференција со словачкиот министер за надворешни работи и министер за европски прашања Мирослав Лајчак во Истанбул, одговараше на прашањата на новинарите посветени на актуелниот дневен ред. 

На едно поставено прашање во врска со случувањата помеѓу Русија и Украина, Чавушоглу упати повик за воздржаност до двете земји.

Чавушоглу рече: „Овој процес го следиме одблизу. Пред се би сакал да упатам повик и до Украина и до Русија да се однесуваат со здрав разум во овој процес. Секако продолжуваат статусот на Крим и повторно дискусиите во однос на некои прашања, постојат проблеми кои што не се решени. Постои и неизвесност меѓутоа од друга страна решението на овие проблеми би можело да одземе време.“

Велејќи дека постојат де факто ситуации, Чавушоглу рече: „За да не се доживеат уште еднаш овие проблеми во овој процес треба да се утврдат одредени правила. Ионака во Црното Море постои доволна затегнатост.  Повремено го согледуваме и растот. И овој последен настан ја зголеми затегнатоста. Ние не сме на страната на тоа. Нашите односи и со двете земи се крајно добри. За намалување на затегнатоста ќе ги оствариме неопходните контакти  и со двете земји.“

Командата на поморските сили на Украина соопшти дека од бродот на крајбрежната стража на Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) кај Керчкиот проток во Азовското Море бил отворен оган врз украинските воени бродови и дека притоа биле ранети 6 украински војници членови на екипажот, а воедно украинските воени бродови биле заземени од страна на руските специјални сили.

 



Слични вести