Јилдирим: Турција ќе одговори во ист момент на секоја состојба на свршен чин во Источниот Медитеран

Претседателот на Собранието Бинали Јилдирим истакна дека Турција ќе одговори во ист момент на секој вид состојба на свршен чин која што ќе биде спротивно на интересите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и на нашата земја во Источниот Медитеран

1093263
Јилдирим: Турција ќе одговори во ист момент на секоја состојба на свршен чин во Источниот Медитеран

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим во говорот што го одржа на манифестацијата на честитање на 40 годишната авантура на бродот Коџа Пири Реис во организација на Универзитетот 9 септември во Измир, се осврна на едностраните активности на Кипарско-грчката управа за пребарување природен гас во Источниот Медитеран. 

Јилдирим рече: „Во експлоатацијата на секој вид природни извори во меѓународните води, вклучувајќи ја и ексклузивната економска зона околу островот Кипар, сигурно и сигурно треба да се постигне договор помеѓу Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Кпарско-грчката управа.“

Велејќи „Тоа претставува точка на прекршување“, Јилдирим нагласи дека големите нафтени компании кои ќе реализираат истражувања по ова прашање, мораат да го земат во предвид тоа. 

Претседателот на Собранието Бинали Јилдирим рече: „Турција ќе одговори во ист момент и ќе го направи неопходното пред секој вид состојба на свршен чин која што ќе биде спротивно на интересите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и на нашата земја во Источниот Медитеран. Секој треба да знае дека нема да отстапиме ниту еден милиметар од нашите права и интереси во морињата.“

 



Слични вести