Турција уште еднаш ја постави на дневен ред реформата во Советот за безбедност на ОН

Постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу во своето обраќање на седницата истакна дека е потребна итна реформа во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН)

1092536
Турција уште еднаш ја постави на дневен ред реформата во Советот за безбедност на ОН

Повиците на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со структурата и функционирањето на Обединетите нации (ОН) уште еднаш беа доставени до светската организација од страна на Турција.

Претседателот Ердоган долго време како ја нагласува потребата за промена на структурата на ОН и притоа привлекува внимание дека правото на вето на петте постојани членки создава неправда.   

Во тие рамки на седницата на Генералното собрание на ОН на тема „Правична застапеност и зголемување на бројот на членови во Советот за безбедност на ОН“ Турција уште еднаш ја постави на дневен ред структуралната промена во организацијата.

Постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу во своето обраќање на седницата истакна дека е потребна итна реформа во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).

Синирлиоглу напомена дека се потребни реформи поради правото на вето што го поседуваат постојаните земји членки на Советот за безбедност на ОН и рече: „Треба да вложуваме напори за реформа во Советот за безбедност кој што ќе биде огледало на денешниот променлив, современ свет.“ 

Упатувајќи повик до земјите членки да покажат политичка волја и флексибилност за олеснување на процесот на реформа, Синирлиоглу нагласи дека националните интереси не би трабло да преминат пред заедничките интереси.

Синирлиоглу рече дека обидите за зголемување на бројот на постојани земји членки со право на вето им наштетуваат на дискусиите за реформа, достави предлози за решение и напомена дека доколку перформансот на земјите членки биде предмет на одржување периодични избори тогаш Советот за безбедност би бил поодговорен.

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) е составен од вкупно 15 земји членки од кои 5 се постјани членки со право на вето, а 10 се непостојани (привремени) членки.

Постојани земји членки на Советот за безбедност се САД, Велика Британија, Русија, Кина и Франција.

За усвојување на одредена одлука во Советот за безбедност на ОН треба да се добие согласност од сите 5 постојани членки и доколку и само една од овие 5 земји членки гласа против тоа значи дека таа одлука се отфрлува.

 



Слични вести