Турција го осуди самоубиствениот напад во авганистанскиот главен град Кабул

МНР на Турција го осуди самоубиствениот бомбашки напад за време на мевлуд, по повод одбележувањето на раѓањето на муслиманскиот божји пратеник Хазрети Мухамед (с.а.в.с.) во кој загинаа 50 лица, а 85 лица беа ранети

1091920
Турција го осуди самоубиствениот напад во авганистанскиот главен град Кабул

Турција го осуди реализираниот терористички напад за време на една верска церемонија, мевлуд по повод одбележувањето на раѓањето на муслиманскиот божји пратеник Хазрети Мухамед (с.а.в.с.) во главниот град на Авганистан Кабул.

Во објавеното писмено сооопштение од турското министерство за надворешни работи се вели следното: „Со големо жалење е дочекана веста за реализираниот бомбашки напад за време на една верска церемонија денеска по повод Мевлуд-и Шериф (Мевлид Кандил) во Кабул во кој животот го загубија голем број лица, а голем број лица се ранети. Го осудуваме овој терористички напад, на загинатите им посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до пријателската авганистанска влада и братскиот авганистански народ, а на ранетите им посакуваме побрзо оздравување.“

Во реализираниот самоубиствен бомбашки напад на една сала за време на организурање на мевлуд на патот кон аеродромот во Кабул животот го загубија 50 лица, а 85 лица се ранети.



Слични вести