Од Ердоган до Западот: Ниту една земја која ја штити ФЕТО нема право да зборува за демократија

Претседателот Ердоган: „Ниту една земја, ниту една институција која ги прифаќа припадниците на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) која (15 јули 2016 година) се обиде да изврши државен удар во Турција, нема право да зборува за демократија

1092428
Од Ердоган до Западот: Ниту една земја која ја штити ФЕТО нема право да зборува за демократија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата Куллијето во Бештепе во Анкара ја одржа 48-мата средба со претседателите на месните заедници и притоа покажувајќи реакција против земјите на Европската унија (ЕУ) по прашањето на борбата против тероризмот рече: „Тие терористи кои многу ги сакате, денот кога ќе ги допрете нивните интереси ќе ги свртат против вас не само своите омрази, туку и своите оружја.“

Критикувајќи ги западните земји кои им ја отвараат својата прегратка на терористите и ги заштитуваат, Ердоган рече: „Ниту една земја, ниту една институција која ги прифаќа припадниците на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) која (на 15 јули 2016 година) се обиде да изврши државен удар во Турција, нема право да зборува за демократија.“

Претседателот Ердоган покажа реакција и на одлуката на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) со која се заштитува Селахаттин Демирташ, поранешен копретседател на една политичка партија поврзана со сепаратистичко-терористичката организација ПКК, во врска со што рече: „Вие дали сте слушнале било каква изјава од било кој орган на Европската унија (ЕУ) во однос на тоа кога оваа иста личност (Селахаттин Демирташ) за време на настаните од 6 до 8 октомври со целосно лажни изјави ги провоцираше луѓето и беше причина за ѕверското убиство на 50 недолжни луѓе на улиците?“

Обраќајќи им се на западните земји со зборовите „Тие терористи кои многу ги сакате, денот кога ќе ги допрете нивните интереси ќе ги свртат против вас не само своите омрази, туку и своите оружја“, претседателот Ердоган рече: „Никогаш не би ја зеле за сериозна поддршката што и се дава на ПКК која лично од страна на Европската унија (ЕУ) е призната за терористичка организација и која е убиец на десетици илјади луѓе од секоја годишна возраст, од бебиња кои се уште не ги отвориле своите очи во овој свет до 80 годишни старци, а (истата таа поддршка) не им се дава на жртвите на тие злосторници.“

Претседателот Ердоган во својот говор се осврна и на настаните од Паркот Гези во 2013 година кога под изговор заштита на животната средина се палеше и рушеше по улиците, во врска со што рече: „Настаните од Паркот Гези се име на испречување пред сите проекти и сите обиди колку што постојат со кои Турција ќе се развие и ќе оди кон понапред.“

 



Слични вести