Чавушоглу: На Помпео и Болтон им го предадовме списокот со имињата на 84 членови на ФЕТО

Мевлут Чавушоглу истакна дека списокот со имињата на 84 лица членови на ФЕТО чија екстрадиција се бара од САД им е предаден на американскиот државен секретар Мајк Помпео и на Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон

1091997
Чавушоглу: На Помпео и Болтон им го предадовме списокот со имињата на 84 членови на ФЕТО

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на САД во резиденцијата на амбасадата на Турција во Вашингтон се состана со претставниците на турскиот печат

Чавушоглу истакна дека списокот со имињата на 84 лица членови на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) чија екстрадиција се бара од САД им е предаден на американскиот државен секретар Мајк Помпео и на Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон.

Велејќи дека со американската страна било разговарано особено за поддршката на САД на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги кој на 2 октомври беше жртва на ѕверско убиство во генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул и за прашања посветени на Сирија, Чавушоглу напомена дека беа остварени конструктивни разговори.

Чавушоглу напомена дека позицијата на Турција во однос на убиството на новинарот Кашикчи (Кашоги) е јасна и повтори дека Таа инсистира за расветлување на случајот со сите негови поединости и страни.

Истакнувајќи дека повтојат неразјаснети прашања во врска со ова убиство, Мевлут Чавушоглу рече: „Ние сакаме да биде обелоденето од чија страна е добиена наредбата. Голем број земји не сакаат да ги расипат своите односи со Саудиска Арабија, и ние не го сакаме тоа, меѓутоа убиството мора да се расветли.“

Осврнувајќи се и на прашањето со Сирија министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека турските и американските надлежни ќе се состанат во наредните денови во врска со применувањето на патната карта за Менбич и во другите подрачја во Сирија.

Велејќи дека се започнати заедничките патролирања со САД во Менбич и дека процесот е интензивиран, Чавушоглу рече: „Не би можеле да го кажеме дека овој процес е завршен без претходно ЈПГ целосно да се повлече од Менбич и без да бидат донесени заеднички одлуки во врска со тамошната управа и безбедносните единици.“ 

Мевлут Чавушоглу напомена дека во рамките на своите остварени разговори во Вашингтон најпрвин се состанал со американскиот државен секретар Мајк Помпео, а потоа имал средба и со советникот за Национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон.

„На остварената средба со Мајк Помпео разговаравме секако за тоа како би можеле да ги унапредиме нашите односи, како би можеле да ги нормализираме и ги изнесовма нашите очекувања. Две прашања од нив се однесуваат на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) и на соработката на САД со ЈПГ во Сирија.  Освен тоа што ги изнесовме нашите грижи разговаравме и за тоа што би требало да се прави по овие прашања.“ - рече Чавушоглу.

Мевлут Чавушоглу појасни дека на разговорите станало збор и за санкциите на САД врз Иран и го рече следното: „Исклучоците кои што и се дадени на Турција се значајни, меѓутоа значајно е тие да бидат трајни и обемни.“



Слични вести