Средба на Чавушоглу со генералниот секретар на ОН Гутерес во Њујорк

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Њујорк се состана со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес со кого разговараа за Јемен, Сирија, Кипар и убиството на саудискиот новинар Кашикчи (Кашоги)

1091088
Средба на Чавушоглу со генералниот секретар на ОН Гутерес во Њујорк

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Њујорк во САД каде што отпатува по повод 8. Глобален форум на Алијансата на цивилизациите во рамките на своите овдешни билатерални средби се состана со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес.

На средбата што се одржа во седиштето на ОН Чавушоглу и Гутерес разговараа за убиството на саудискиот новинар Џемал Кашички (Џамал Кашоги).

Средбата беше затворена за медиумите.

Портпаролот на генералниот секретар Стефан Дујарич на одржаната дневна прес-конференција, во врска со средбата рече: „Чавушоглу и Гутерес разговараа за Јемен, Сирија, Кипар и убиството на Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги). Не добивме официјално барање во врска со прашањето за спроведување на меѓународна истрага.“

Дујарич додаде дека за спроведување на меѓународна истрага во врска со убиството на новинарот Кашикчи (Кашоги) генералниот секретар има потреба од надлежност.  

Саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) на 2 октомври отиде во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул за да земе документ за венчавка по што не можеа да се добијат никакви информации од него и потоа беше обелоденето дека станал жртва на ѕверско убиство во зградата на конзулатот.
 



Слични вести