Во последната една недела се неутрализирани 11 терористи

Според објавеното соопштение од МВР, во рамките на борбата против терористичките организации од страна на безбедосните сили во периодот од 12 до 19 ноември, за една недела, се реализирани 2.449 операции во кои се неутрализирани 11 терористи

1090484
Во последната една недела се неутрализирани 11 терористи

Во реализираните операции за воспоставување на внатрешната безбедност во земјата во последната една недела, се неутрализирани 11 терористи.

Според објавеното соопштение од министерството за внатрешни работи, во рамките на борбата против терористичките организации од страна на безбедосните сили во периодот од 12 до 19 ноември, за една недела, се реализирани 2.449 операции во кои се неутрализирани 11 терористи.

Во операциите се притворени 153 лица поврзани со сепаратистичко-терористичката организација ПКК, 486 лица поврзани со Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, 29 лица поврзани со терористичката организација ДЕАШ и 14 лица за кои се оценува дека се поврзани со левичарски теористички организации.

Во рамките на борбата против илегалната миграција се фатени 5.313 бегалци, а во склопот на борбата против кривични дела над компјутерски системи се реализирани законски постапки против 280 лица.

 



Слични вести