Ново предупредување од Турција во врска со едностраните активности во Источниот Медитеран

Турција повторно го предупреди Кипарско-грчкиот дел во врска со едностраните активности за пребарување на природен гас кои што ги реализира во Источниот Медитеран

1090229
Ново предупредување од Турција  во врска со едностраните активности во Источниот Медитеран

Турција покажа реакција против едностраните активности на Кипарско-грчкиот дел за пребарување на природен гас во Источниот Медитеран.

Портпаролот на министерството за надворешни работи на Турција Хами Аксој во врска со ова прашање рече: "Започнувањето на активностите за пребарување природен гас во таканаречената парцела број 10 од страна на Кипарско-грчкиот дел не придонесува за стабилноста во регионот."

Аксој уште еднаш ги предупреди и фирмите кои учествуваат во активностите за пребарување природен гас.

Тој потсети дека сите природни извори околу островот Кипар им припаѓаат и на двете страни на островот, а не само на Кипарско-грчкиот дел.

Велејќи дека ќе бидат фрлени неопходните дипломатски и  политички чекори, портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој рече: "Дополнително на нашиот континентален гребен ќе почнеме да реализираме активности и во парцелите за кои што и е издадена дозвола на Турската нафтена компанија од страна на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)."

 



Слични вести