Во воздушни операции на северот на Ирак се неутрализирани 6 терористи

Турски воени авиони на 17 ноември (вчера) реализираа воздушни операции на областите Зап и Синат-Хафтанин на северот на Ирак и неутрализираа 6 мина терористи на ПКК

1090121
Во воздушни операции на северот на Ирак се неутрализирани 6 терористи

Во реализирани воздушни операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС)  на областите Зап и Синат-Хафтанин во северниот дел на Ирак се неутрализирани 6 мина терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, кои се подготвувале за напад на пограничните воени бази.

Според добиени информации од Генералштабот, на 17 ноември беа реализирани воздушни операции на областите Зап и Синат-Хафтанин на северот на Ирак и притоа беа неутрализирани 6 мина терористи.

Во операциите воедно беа уништени и наоружани позиции, засолништа и складишта за муниција на сепаратистичко-терористичката организација.

 



Слични вести