Претседателот Ердоган говореше на програмата по повод Мевлид-и Неби

Претседателот Ердоган истакна дека ќе бидат под закана иднината и  независноста на народот кој ќе им сврти грб на своите млади

1090223
Претседателот Ердоган говореше на програмата по повод Мевлид-и Неби

Вчера во Истанбул со програма на  која учествуваше и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган започна одбележувањето на "Неделата Мевлид-и Неби", неделата на раѓање на муслиманскиот божји пратеник Назрети Мухамед (с.а.в.с.).

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа на отворањето на програмата истакна дека ќе бидат под закана иднината и  независноста на народот кој ќе им сврти грб на своите млади.

Ердоган нагласи дека животот на Пејгамберот Хазрети Мухамед (с.а.в.с.) е водич за идните поколенија.

Ердоган рече: "Без сунетот и внатрешната убавина не е можно да се живее Исламот, колку е силна, колку е цврста врската на муслиманот си животот на нашиот Пејгамбер кој што служи за пример, толку е силна и неговата врска со својата религија."

Темата на Неделата Мевлид-и Неби која што ќе се слави со различни манифестации до 24 ноември, гласи "Нашиот Пејгамбер и младите".

 



Слични вести