Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во посета на САД

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 19 ноември во седиштето на ОН во Њујорк ќе учествува на 8. Глобален форум на Алијансата на цивилизациите, а на 20 ноември во Вашингтон ќе се состане со американскиот државен секретар Мајк Помпео во

1089994
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во посета на САД

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во посета на САД каде што на 19 ноември во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк ќе учествува на 8. Глобален форум на Алијансата на цивилизациите.

Чавушоглу на 20 ноември во Вашингтон ќе се состане со американскиот државен секретар Мајк Помпео со кого ќе направат проценка на односите помеѓу Турција и САД.

Министерот Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори најпрвин во генералниот конзулат на Турција во Њујорк се состана со претставниците на турската заедница.

Овде Мевлут Чавушоглу направи проценка на  односите со САД и рече: „Постојат две прашања кои што ги затегнуваат нашите односи. Едно од нив е поддршката на САД на терористичката организација ЈПГ/ПКК. Претставува навистина голема грешка тоа што и покрај тоа што знаат и прифаќаат дека таа е една иста организација, оваа соработка ја сметаат за неопходна.“

Велејќи дека се обидуваат да ја применуваат договорената патна карта за Менбич и дека се започнати заедничките патролирања, но дека оваа патна карта не е ограничена само со Менбич, Чавушоглу напомена дека дел од оваа патна карта е и воспоставувањето на стабилноста во областите кои што ги окупира ЈПГ/ПКК, источно од реката Еуфрат. 

Министерот Чавушоглу продолжи со следните зборови: „Второ прашање пак, е тоа што до денеска не се исполнети нашите барања за досиејата кои што ги доставивме во врска со Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО која на 15 јули се обиде да изврши предавнички преврат и со челникот на оваа терористичка организација Фетулах Ѓулен за негова испорака. И тоа стана причина за сериозна затегнатост. И во однос на двете прашања ние како Турција сме во право не сто посто, туку илјадо посто.“ 

„Велејќи „Во последно време американското Федерално биро за истражување ФБИ почна да ги испитува прекршоците на оваа крволочна терористичка организација (ФЕТО), во оваа земја. Во оваа започнета обемна истрага почнаа да го согледуваат тоа како оваа терористичка организација во некои сојузни држави ги прекршува американските закони, како ги измамува банките, како затајува данок и како искористува некои лица.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на својата посета на САД на 19 ноември во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк ќе учествува на 8. Глобален форум на Алијансата на цивилизациите.

Овде Чавушоглу ќе одржи говор на овој значен собир, а ќе се состане и со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес.

Осен тоа министерот Мевлут Чавушоглу во оваа пригода се предвидува да оствари и средби на кои  ќе стане збор за билатерални односи и за регионални и меѓународни прашања на чело ситуацијата во Сирија.

 



Слични вести