Претседателот Ердоган свечено ги отвори во Истанбул првите Народни градини на Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во квартот Башакшехир во Истанбул свечено ги отвори петте Народни градини, кои воедно се и првите изградени Народни градини на Турција

1089883
Претседателот Ердоган свечено ги отвори во Истанбул првите Народни градини на Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата на свеченото отворање на петте Народни градини во квартот Башакшехир во Истанбул, кои воедно се и првите изградени Народни градини на Турција.

Ердоган во оваа пригода рече: „Со народните градини кои што ги ставаме во услуга исполнуваме уште едно од нашите ветувања кои што се наоѓаат во нашата 100 дневна програма.“

Велејќи „Дојдено е во последна фаза во работите за изградба на 33 Народни градини во нашите 18 градови,“ - претседателот Ердоган рече: „Наша цел е на секој град да му придадеме најмалку по една Народна градина.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно напомена дека најголемиот простор за саем на Турција ќе биде изграден на покриениот простор на аеродромот Ататурк во Истанбул.

 



Слични вести