Могерини и Хан на 22 ноември во посета на Турција

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и членот на Комисијата на Европската унија (ЕУ) одговорен за проширување Јоханес Хан на 22 ноември ќе допатуваат во посета на Турција

1089763
Могерини и Хан на 22 ноември во посета на Турција

Според објавеното соопштение од канцеларијата за надворешни односи на Европската унија (ЕУ), високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и членот на Комисијата на Европската унија (ЕУ) одговорен за проширување Јоханес Хан на 22 ноември ќе допатуваат во посета на Турција.

Могерини и Хан во рамките на посетата на Анкара ќе учествуваат на состанокот за политички дијалог на високо ниво меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Од друга страна, во објавеното соопштение од министерството за надворешни работи се истакнува дека на разговорите помеѓу турската делегација предводена од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и делегацијата на Европската унија (ЕУ) освен пристапниот процес на Турција ќе бидат разгледани и прашања посветени на економијата, трговијата, финансиската соработка, енергијата, Царинската унија, безбедноста, како и  основни прашања во односите со ЕУ како што се борбата против тероризмот, миграцијата и визната либерализација.

Освен тоа во соопштението се вели дека ќе бидат разменети мислења и во однос на регионални и меѓународни прашања на чело со Балканот, Сирија, Ирак и Блискоисточниот мировен процес.

 



Слични вести