Во периодот од 9 до 15 ноември, за една недела се неутрализирани 68 терористи на ПКК

Во реализираните операции од голем и среден обем во периодот од 9 до 15 ноември, за една недела, внатре во земјата и преку границата се неутрализирани 68 треористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1089514
Во периодот од 9 до 15 ноември, за една недела се неутрализирани 68 терористи на ПКК

Во реализираните операции во последната една недела од страна на Турските вооружени сили (ТВС) се неутрализирани 68 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во периодот од 9 до 15 ноември беа реализирани операции од голем и среден обем во областите на градовите Дијарбакир, Хаќќари, Тунџели, Ширнак и Мардин ввнатре во земјата и преку границата на области во северниот дел на Ирак.

Во овие операции се неутрализирани 68 терористи, а во активностите за пребарување на теренот се запленети големи количини на муниција и 24 експлозивни направи од рачна изработка.

Освен тоа во сиве овие реализирани операции во последната една недела се уништени и 31 наоружана позиција, засолништа и пештери на терористите.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана воедно се нагласува дека со притисокот што се врши врз терористичката организација се ограничува нејзината способност на делување и акција.

 



Слични вести