Омер Челик: Турција работи за да не се прикрие убиството на новинарот Џемал Кашикчи

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик истакна дека Турција работи за да не се прикрие убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги)

1087735
Омер Челик: Турција работи за да не се прикрие убиството на новинарот Џемал Кашикчи

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик одржа состанок за претставниците на печатот во седиштето на партијата и притоа истакна дека Турција работи за да не се прикрие убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Челик нагласи дека доказите во врска со убиството се споделени со голем број земји и рече: „Ние не обвинуваме никого. Работиме за да не се прикрие случајот. Познато е кои се тие убијци. Да им судиме во Турција. Саудискиот генерален конзулат (во Истанбул) е саудиска територија, меѓутоа се наоѓа во границите на територијата на Република Турција. Тоа претставува напад насочен против угледот на Република Турција. Не е можно тие да го извршат овој напад без да добијат за тоа наредба од некој висок функционер. нОд чија страна е издадена таа наредба на високо ниво? Тоа треба да се обелодени. каде се наоѓа телото на убиениот?“

Велејќи дека Кашикчи (Кашоги) заслужува да биде погребан на достоен начин, Омер Челик рече: „(Ова убиство) е едната од најѕверски извршените акции во историјата на светот. Тие убијци се наоѓаат во рацете на функционерите на Саудиска Арабија.“

Омер Челик исто така истакна дека ги осудуваат неодговорните изјави на францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан и реагираше со следните сборови: „Го дочекавме со чудење ова негово неодговорно и неуко зборување. Тие податоци (докази) се споделени со француското разузнавање. Ако не го следат ова прашање тоа е нивен проблем. Овој чин е за осуда. Зошто Европа не може да развие заедничка политика по ова прашање?“

Правејќи проценка и на повлекувањето на Турција од конференцијата за Либија, вчера, портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик рече: „Ние посакуваме на маса во Либија да бидат сите страни. Либија има потреба од помала интервенција. Турција има централнан улога по прашањето на Либија. Беше организиран неофицијален состанок на кој што не беше поканета Турција. Кога беше запрашано тоа, секој топката му ја префрлаше на друг. Нашата делегација не го прифати ова третирање и консултирајќи се со претседателот (Реџеп Тајјип Ердоган) го напушти состанокот.“

 



Слични вести